Одберете соодветно парче јагнешко месо, по можност јагнешки бут или плешка. Поставете ја во тава за печење, маринирајте ја со потребните зачини, истурете го пивото и покријте ја со алуминиумска фолија. Поставете го во рерна на 200 степени. По 1 час извадете го месото од рерна, посипете го со сусам и додајте ги претходно излупенине и исецкани компири. Вратете ја тавата во рерна, без фолија да се пече уште 1 час додека не зарумени и не фати кора.

Потребни состојки:

  • 1кг. јагнешко месо
  • 100 мл. пиво
  • 100 гр. сусам
  • 1 кг. компири

Зачини: вегета, рузмарин, мелен бибер, сол по желба

Потребно време за подготовка: 2 часа

Уживајте во празничната трпеза. Честит Велигден!