4 јајца, шолја млеко- Супер лесен рецепт со величествено растопен кашкaвал кој буквално се топи во уста, кој дефинитивно ќе го одобрат нашите мајки и баби. Специјалитетот со кашкавал никого не остава рамнодушен, а еве како лесно да го приготвите уште денес.

Топен кашкавал во рерна

Вкупно време30 минути
Оброк: Вечера
Кујна: Американска
Клучни зборови: јајца, кашкавал
Порции: 4

Состојки

  • 250 гр кашкавал
  • 4 јајца
  • 250 мл пресно млеко
  • 5-6 супени лажици брашно
  • 1 кафена лажица сода бикарбона
  • 1 супена лажица путер
  • Малку сол

Начин на подготовка

  • Добро изматете ги јајцата, а потоа кон истите постепено додадете го млекото, а на крај и брашното измешано со содата.
  • Изрендајте го кашкавалот и додадете го кон претходната смеса. Посолете на вкус и додадете 1 лажица растопен путер. Добро измешајте ја смесата.
  • Премачкајте го садот за печење со масло за готвење и печете го специјалитетот 30 минути, на 200°C, до негово добивање на златна боја. Оставете го кашкавалот да се излади малку пред да сервирате.

Пријатен апетит!