Најчесто во детството нè учат дека пушењето на цигари, консумирањето алкохол и слично се штетни навики кои го уништуваат нашето здравје. Но, понекогаш дури и најобичните секојдневни работи може да бидат штетни за нас.

Еве кои се 4-те женски навики поради кои дамите најчесто се разболуваат и не изгледаат добро

1. Постојано носите најлон хулахопки

Постојаното носење на најлон хулахопки и тесни фармерки може да предизвика појава на поткожни влакна во пределот на интимната зона. Тоа се случува поради фактот што влакната не можат да излезат над површината на кожата и започнуваат да растат под истата. Затоа најдобро е да се носи одоздола облека изработена од памук.

2. Крпа на главата по туширањето

Продолженото носење на крпа на главата по туширањето создава ефект на сауна, при што скалпот започнува да произведува повеќе масти, што доведобо до побрзо замастување на косата.

А доколку имате сува коса, потребно е да знаете дека оваа штетна навика ја апсорибра влагата и придонесува косата да биде уште посува.

3. Носите долги нокти

Бројните истражувања докажале дека под долгите нокти живеат многу повеќе бактерии, особено патогени се наталожуваат под ноктите покриени со гел-лак. Колку подолги се ноктите, толку потешко се одржува хигиената, што штетно влијае врз здравјето.

4. Ја складирате козметиката во бањата

Најчесто бањата се претвора во козметичко катче, но промените во влажноста и температурата влијае врз рокот на траење на козметичките производи и го менува нивниот состав, а покрај тоа светлината од електричните лампи влијае врз пластиката, односно ја загрева, што повторно влијае врз самиот состав.