Иако во Кина полека ситуацијата се става под контрола, во останатиот дел од светот, бројот на заразени од коронавирус постојано расте.

Сега на неговиот официјален Твитер профил, американскиот актер Том Хенкс објави дека тој и неговата сопруга Рита Вилсон се заразиле со новиот коронавирус.

„Се чувствуваме изморено, бевме настинати и исцрпени. Согласно со препораките, направивме тест за коронавирус и резултатите се позитивни.“- напиша 63-годишниот актер, притоа истакнувајќи дека тој и неговата сопруга ќе останат во изолација колку што е неопходно.

Том Хенкс и Рита моментално се во Австралија, каде актерот подготвува нов филм.