Брзото слабеење честопати не се препорачува од лекарите, бидејќи може да доведе до низа компликации за здравјето и брзо да го врати неефикасно изгубените килограми.

Но, доколку се подготвувате за одредена пригода или токму по празниците и зимскиот период сакате да се ослободите од вишокот килограми, нитуриционистие го предлагаат овој уникатен напиток, благодарение на кој, може да губите по 1 килограм дневно.

Домашен напиток за брзо и ефикасно слабеење

Потребни состојки

  • 1 краставица
  • 1 лимон
  • 12 листови нане
  • 1 кафена лажица изрендан корен од ѓумбир
  • 8 чаши вода

Начин на подготовка

Исечете ја краставицата на кругови, истото направете го и со лимонот, но без да ја отстранувате неговата кора. Додадете ги овие состојки во длабок сад, а потоа додадете и 12 листови од нане и 1 кафена лажица изрендан корен од ѓумбир. На крај, врз сите состојки додадете 8 чаши вода. Добро измешајте ја смесата и складирајте ја во ладилникот, да отстои во текот на ноќта.

Начин на употреба

Наутро консумирајте го напитокот, но на гладно, за да истиот има поголем ефект врз телото. Потоа, почекајте 1 час до појадокот. Резултатите според нутриционистите ќе ви почувствувате веднаш во текот на првиот ден од третманот, со тоа што ќе се почувствувате за килограм полесни.

Консумирајте го напитокот 2 пати дневно, а истиот ќе го зајакне вашиот имунитет.