Дали мечтаете да имате бујна и блескава коса, а сте ги испробале сите шампони и средства за потхранување, но без никаков ефект? Тогаш овој совет и рецепт е вистинскиот за вас.

Грижата за косата воопшто не е лесна задача. Постојат толку многу козметички производи, но не сите даваат позитивен ефект, па затоа најдоброто нешто што можете да го направите за вашата коса е да практикувате употреба на домашните состојки.

Сè што ви е потребно за овој рецепт е најобичен парацетамол!

Парацетамолот е едно од најраспространетите и најкористените средства за ублажување на болката и антисептични средства, а многумина го употребуваат кога страдаат од главоболка, инфекција или грип.

Всушност овој навидум вообичаен лек може да ѝ помогне и на вашата коса и да ги врати нејзиниот беспрекорен и блескав изглед и сјај! Особено доколку косата веќе подолго време изгледа безживотно, по бројни третмани за бојадисување или пак, страдате од прекумерено присуство на првут.

Како се користи?

Поставете 2 таблети парацетамол во вашиот шампон и протресете го шишето, додека таблети не се растворат целосно. За нивно побрзо соединување со шампонот, можете истите претходно да ги здробите.

Следно нанесете шампон на врвот на вашата глава и оставете го истиот да отстои така неколку минути, а потоа измијте ја косата со топла вода. Исушете ја и веднаш ќе забележите дека првутот целосно исчезнал!

Вашата коса ја променила бојата?

Доколку се соочувате со промени во бојата на вашата коса, поради секојдневната изложеност на различните временски состојби и температури, тогаш се препорачува да се растворат 8 таблети парацетамол во чаша вода, а потоа со растворот да ја масирате вашата глава во времетраење од 10 минути.