Не брзајте со исфрлањето на вашата пегла, само затоа што таа веќе не ја пегла стутканата облека толку професионално, како претходно или бидејќи нејзината површина потемнела и загорела.

Едноставно треба само да знаете како правило да ја исчистите, а токму во продолжение ви откриваме како тоа да го сторите на многу лесен начин.

Како внатрешно да ја исчистите пеглата

Измешајте вода со обичен оцет, во еднаков сооднос, а добиената смеса исипете ја во пеглата и притоа уредот поставете го вертикално, а потоа едноставно вклучете ја пеглата. Оставете ја така 10 минути. Уредот ќе се вклучува и исклучува 10 пати, а следно пуштете пареа од истиот.

Исто така, може да ја наполните ја пеглата со дестилирана вода и повторете ја процедурата.

Друг ефикасен трик е да растворите ќесичка лимонска киселина во чаша топла вода и пак, повторете ја процедурата како претходно.

Или пак, наполнете го резервоарот со газирана минерална вода, до врвот и повторете ја процедурата опишана погоре.

За да избегнете дополнителни проблеми, ве советуваме да го наполните резервоарот со филтрирана или преварена вода, а превентивно повторете еден од триковите опишани погоре, 2 пати неделно.

Како да ја исчистите пеглата надворешно

Измешајте сода бикарбона и оцет, до добивање густа смеса. Нанесете ја добиената смеса врз пеглата, а потоа пребришајте со крпа.

Исто така, функционален е трикот со паста за заби, при кој потребно е да нанесете паста на претходно загреана пегла, а на крај едноставно да ја избришате површината.