Ако класичните пржени тиквички ви здосадиле, тогаш ви предлагаме да ги пробате следните тиквички со крцкава кора од кашкавал и кревка средина одвнатре. Најдоброто од сè е што истите се диетални!

Тиквички со крцкава кора од кашкавал и кревка средина

Ако класичните пржени тиквички ви здосадиле, тогаш ви предлагаме да ги пробате следните тиквички со крцкава кора од кашкавал и кревка средина одвнатре. Најдоброто од сè е што истите се диетални!
Вкупно време1 час
Оброк: закуска
Кујна: Американска
Клучни зборови: кашкавал, тиквички, печени тиквички
Порции: 4

Состојки

  • 2 тиквички
  • 2 јајца
  • 150 гр кашкавал
  • 50 гр лебни трошки
  • 4 супени лажици брашно
  • 1,5 кафена лажица сол
  • 1 кафена лажица мелен црн пипер

Начин на подготовка

  • Бидејќи тиквичките се приготвуваат брзо, веднаш вклучете ја рерната да се загрее на температура од 180°C. За подготовка на овој рецепт, најдобро е да изберете млади тиквички.
  • Измијте ги тиквичките, исушете ги, исечете ги краевите и од двете страни и исечете ги на половина. Исечете ја секоја половина по должина на 2 дела и исечете ги на парчиња.
  • Поставете ги исечените тиквички во соодветен сад, додадете сол, мелен црн пипер и зачини по ваш вкус и избор. Оставете ги тиквичките да отстојат така 15 минути.
  • Во меѓувреме подговете ја смесата за похување. Ситно изрендајте го кашкавалот, измешајте го со лебните трошки и добро измешајте. Изматете ги јајцата со малку сол.
  • Похувајте ги готовите тиквички. Прво поставете ги во брашно, потоа потопете ги во јајце, а на крај во смесата од кашкавал. Вак аподготвени, поставете ги тиквичките во сад, покриен со хартија за печење.
  • Поставете го садот во загреана рерна и печете околу 30 минути, до образување на вкусната крцкава кора од кашкавал. Тиквичките може да ги сервирате и топли и ладни, со сос од кисела павлака и лук.