Секоја жена мечтае за долга, цврста и густа коса. Но, се случува поради разни фактори косата бавно да расте или да започне да паѓа. Токму за оваа цел, денес ви ги претставуваме најефикасните домашни решенија.

Метод бр.1: Сок од лимон + сок од кромид + жолчка + масло од чичок

Исцедете го сокот од 1 цел лимон. Кон истиот додадете 1 кафена лажица масло од чичок, 1 жолчка и сок од половина глава кромид. Смесата загрејте ја на водена пареа, а потоа добиеното средство нанесете го врз косата, покријте со најлон и оставете го да дејствува 60 минути, а потоа едноставно исплакнете.

Метод бр.2:  Сенф во прав + жолчка + масло од чичок + шеќер

Измешајте 2 супени лажици масло од чичок со 2 супени лажици врела вода, 1 жолчка, 2 супени лажици масло од чичок и 2 кафени лажици шеќер. Добиената смеса нанесете ја врз корените и по целата должина на косата. Соберете ја косата во најлон и оставете го средството да дејствува 60 минути. На крај, измијте ја косата на вообичаениот начин.