Акните можат на влијаат не само на физичкиот изглед на луѓето туку и на нивното психичко здравје. Сепак понекогаш овој проблем кој може да ни изгледа многу голем, може да се реши благодарение на современата технологија и професионалните дерматолози.

Д-р Анета Кокалеска Петрушевска е врвен специјалист дерматовенеролог во дерматолошко естетската ординација Д-р Анчевски. Благодарение на нејзиното долгогодишно искуство и експертиза во полето на дерматологијата таа е во можност да ја утврди дијагнозата на секој пациент преку опсервација, анализа и поставување на вистинските прашања. Овој тест опширно ги опфаќа сите елементи и процеси низ кои поминува секоја личност која има проблем со било каков вид на акни, затоа ви препорачуваме да го решавате внимателно.