Идолот на милиони мажи и сонот на милиони жени – Силвестер Сталоне, актерот кој го освои срцето на луѓето ширум светот по неговите култни улоги на Рамбо и Роки.

Актерот кој отсекогаш изгледаше беспрекорно, сега дозволи сите да видат дека ниту тој не е имун на годините и стареењето.

73-годишен Сталоне објави фотографија на неговиот Инстаграм профил во сосема природно издание, иако претходно призна дека ја бојадисувал неговата коса.

Сепак, неговите верни фанови повторно беа воодушевени од изгледот на актерот, согласувајќи се дека истиот изгледа неверојатно, при што дури му дадоа и прекар „Сребрена лисица“.