Знаеме дека овој период е можеби најтешкиот кој некогаш сме го поминале како личности, семејства, држави, човечки суштества и се надеваме дека нема да има слични потешкотии повторно. Но, поради стресот и стравот не треба да дозволиме да го „напуштиме“ здравјето на нашата кожа. Дерматолошко естетската ординација, Д-р Анчевски споделува корисни совети кои треба да ги послушате во овие моменти кога дерматолозите не се лесно достапни, а здравјето на вашата кожа е од клучно значење.

1. Чистете го лицето редовно

Користејќи нежно, нетоксично средство за чистење измијте го лицето наутро и навечер (и после периоди на вишок потење) за да се осигурате дека кожата и порите се ослободени од нечистотија и бактерии. Доколку не го правите ова може да дојде до зголемување на големината на порите, кожата да стане масна, па дури и да се појават акни.

2. Имајте квалитетн сон

Добриот сон е неопходен за правилно подмладување на клетките на кожата и ткивата. Постигнете мирен сон со расчистување на Вашиот ум колку што е можно пред Вашата глава да ја погоди перницата. Исклучете ги мобилните телефони, ТВ и други стимулативни активности околу триесет минути пред предвиденото спиење и прочитајте книга „за забава“ или наместо тоа, слушајте музика.

3. Зголемете ја потрошувачката на антиоксиданти

Антиоксидантите ги неутрализираат слободните радикали, па затоа е важно да го поткрепите вашето тело со овие вредни состојки. Внесете во исхраната витамин Ц, зелен чај, маслиново масло, калинка или пак гледајте да ги има во производите за нега кои ги користите. Боровинки, сладок компир, јагоди и брокула се исто така добри извори на храна со антиоксиданти.

4. Вежбајте редовно

Вежбањето (како на пример јога) помага да се зголеми протокот на крв во кожата за да ви помогне да остане чиста и без токсини. Исто така, помага да се намали стресот, што знаеме од искуство може да има грозен ефект врз кожата.

5. Пијте многу вода

Водата ја храни кожата однатре, помагајќи ѝ да остане мека и еластична. Дехидрирањето е познато дека предизвикува сува и испукана кожа. Но, дали знаевте дека може да придонесе и за темните кругови под очите и акните?

Чистата, здрава кожа е остварлива само доколку не ја занемарувате. Откако ќе заврши сѐ закажете си преглед кај вистинските професионалци. Д-р Анчевски нудат сѐ што е потребно за здрава и убава кожа, која ќе блеска во секој момент.