Денес ви претставуваме уште еден забавен психолошки тест кој ќе ја открие вистината за вас, врз основа на одговорот кој ќе го дадете.

Прашањето е многу едноставно: Според вас, на каде е свртена главата на коњот, кон хоризонот или кон вас?

Значењето на вашиот одговор може да го пронајдете веднаш под фотографијата.

Одговори

1. Коњот гледа кон вас

Доколку според вас изгледа како коњот да гледа во ваша насока, тогаш тоа значи дека вие сте личност која најчесто е управувана од логиката. Кај вас, подобро е развиена левата половина од мозокот, при што поседувате аналитички ум и имате одлична меморија. Токму затоа, вие фантастично паметите имиња и броеви. Вие се раководите од здравиот разум, а не од чувствата.

2. Коњот гледа кон хоризонтот

Доколку сметате дека главата на коњот е свртена кон хоризонтот, тогаш вие имате силно развиена интуиција. Полесно паметите симболи, отколку имиња и најверојатно поседувате одреден музички талент. Живеете и размислувате според вашите емоции, поради што често страдате.

3. И на двете страни

Доколку спаѓате од ретките главата на коњот ја гледаат да биде свртена и во двете насоки, тоа означува дека сте личност кај која се извонредно развиени и двете страни од мозокот и дека сте хармонична личност, која умее да направи баланс меѓу мислите и чувствата.