Секоја жена има определен тип на мажи, кои најмногу ја привлекуваат. На некои дами им се допаѓаат мажите со умерен карактер, други пак, ги обожаваат повеќе доминантните личности.

Токму овој тест ќе ви помогне да откриете каков тип на маж е идеален за вас и зошто, анализирајќи според тоа што се крие длабоко во вашето срце, врз основа на одговорот што ќе го дадете.

Значењето на вашиот одговор може да го пронајдете веднаш под фотографијата.

Одговори

1. Ричард Гир

Вие најмногу ја цените интелигенцијата и верноста кај партнерот. Овие фактори за вас се клучни, кога станува збор за изборот на маж. Сметате дека една врска мора да се заснова на довербата и затоа сте една од дамите кои имаат многу љубов за делење. Вие сте чудесни, но вашиот партнер мора прво многу да се потруди за да ве освои.

2. Павел Прилучниј

Вие љубите со целото ваше срце и душа. Но, треба да знаете дека често вашиот партнер е навикнат на вашата добрина и ниту тој, ниту вие самите не го цените доволно вашиот труд. Во љубовните врски, најмногу го цените романтичното, па затоа вашиот идеален партнер мора да биде некој вистински романтичар.

3. Бурак Озчевит

Вие сте една многу харизматична жена со силен карактер, но не сакате да ја покажувате вашата доминантност во врската, бидејќи сакате да бидете со маж кој е посилен од вас. Важите за многу страсна и искрена личност, која може лесно да шармира секој. Вам ви е потребен маж со силен карактер кој ќе знае како да ве заштити.