Научниците измислија начин да направат да врне дожд со употреба на дронови.

Додека дронот што предизвикува дожд нема да биде потребен во Велика Британија (каде што постојано врне), иновативната идеја може да биде од витално значење во земји како Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), кои имаат многу ограничени годишни врнежи.

Токму поради ова ОАЕ финансираа проекти од целиот свет за да се обидат да го решат овој проблем.

Во 2017 година земјата платила 15 милиони долари за девет различни проекти за зголемување на врнежите.

Еден од проектите кои биле финансирани е оној на тим од Универзитетот во Ридинг, на кој наводно му биле исплатени 1,5 милиони долари за период од три години.

Беспилотните летала создадени на универзитетот со седиште во Велика Британија пуштаат електричен полнеж во облаците. Ова ги полни капките кои се наоѓаат во нив, со што се зголемува веројатноста тие да паднат на земјата во форма на дожд.

Дронот наскоро треба да биде пробан во Дубаи.

Професорот Маартен Амбаум, кој работеше на проектот, објасни: „Речиси и да нема дожд во ОАЕ, но има многу облаци, што го прави совршено место за пробување на новиот дрон“.