„Кога бев помала мислев дека сум принцеза, но сега сум витез“ :11- годишно девојче го спасило својот помал брат од пожар

Тишајла Вилсон била во нејзиниот дом во Северна Каролина,САД, во Март заедно со нејзиниот петгодишен брат кога сфатила дека нивната кујна почнала да гори, откако се запалило масло во рерната.

11 – годишното девојче научило како треба да постапи во случај на пожар на училиште, а бидејќи нивната дадилка излегла да им купи вечера, Тишајла ја презела целата одговорност и се јавила во пожарна.

На нејзиниот повик одговори диспечерот Џон Шулер, кој ѝ помогнал да остане смирена и ѝ дал совети како да им помогне на пожарникарите да го отворат прозорецот од каде што подоцна таа успеала да се извлече од куќата заедно со нејзиниот брат.

Во Средата, комесарот за безбедност Мајк Кеуси ѝ ја врачи наградата за херојство на Тишајла.

Коментирајќи ги настаните Тишајла рече: „Кога бев мало девојче, секогаш се преправав дека сум принцеза, но сега, кога сум постара, се чувствувам како да сум некаков витез“.

Кога пожарникарите пристигнале на местото на настанот за да ги спасат децата, Тишајла инсистирала прво да го земат нејзиниот брат затоа што „тој бил поисплашен од неа“.

Шулер истакна дека ако пожарникарите требало да поминат низ предниот дел на куќата за да ги пронајдат двете деца, резултатот „веројатно немало да биде ист“.

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *