Истражување спроведено низ сите 50 држави во Америка открило дека приближно 31 милиони луѓе веруваат во теоријата на QAnon дека земјата е контролирана од педофили и сатанисти.

Спроведено од институтот за истражување на религијата (PRRI) со седиште во Вашингтон, студијата испитала над 5.500 возрасни лица во период од две недели во Март и ги користела наодите за да утврди дали луѓето веруваат во теоријата на заговор на QAnon.

Истражувањето покажало дека најдобриот индикатор за однесувањето и мислењето на луѓето е изборот на телевизиски канал.

Според PRRI,  оние кои веруваат на извори на десницата имаат до девет пати поголема веројатност да веруваат во QAnon отколку оние кои немаат доверба кој тие извори. Истражувањето исто така открило дека оние кои ја поддржуваат републиканската партија имаат поголема веројатност да веруваат во теоријата.

Една од најпознатите заговори поттикнати од „QAnon“ е идејата дека членовите на владата, медиумите и сите финансии во САД се „контролирани од група на педофили кои се сатанисти и се бават со трговија на деца“.

Теоријата се користеше во минатото во обид да се објаснат постапките на поранешниот претседател Трамп и други високи имиња во САД.

И покрај тоа што на повеќето луѓе им звучи како обична измислена приказна, PRRI откри дека 15% од Американците – приближно 31 милион луѓе веруваат во теоријата.

Во меѓувреме анонимниот водач на движењето QAnon, исчезна од интернетот три месеци пред да започне истражувањето.