И покрај пандемијата и сите случувања, ниту 2020-та година не беше исклучок од традицијата да се избере најубава жена на светот за таа година. Станува збор за убавица на само 19-годишна возраст, која остави бројни актерки и манекенки зад себе како конкуренција, освојувајќи ја главната титула.

Запознајте ја Јаел Шелбија, од Израел, која сонува да биде актерка, која официјално беше изберена и прогласена за најубава жена на светот за 2020-та година, од страна на списанието TC Candler, кое ги избира најубавите жени и мажи на светот веќе последните 30 години.

Младата дама е особено препознатлива по нејзините впечатливи сини очи. Јавноста дозна за Шелбија откако девојката започна врска со 35-годишниот Брендон Кроф, внук на американскиот магнат Самнер Редстоун, но и заради прекршувањата на законите поради пандемијата кои Кроф ги направи за откако отпатува за Израел за да ја посети неговата избраничка.

Нејзин сон е да стане актерка, иако моментално служи во израелската армија.

https://www.nane.mk/wp-content/uploads/2021/01/befunky-collage-4.jpghttps://www.nane.mk/wp-content/uploads/2021/01/befunky-collage-4-400x214.jpgНане.мкКултура и уметностИ покрај пандемијата и сите случувања, ниту 2020-та година не беше исклучок од традицијата да се избере најубава жена на светот за таа година. Станува збор за убавица на само 19-годишна возраст, која остави бројни актерки и манекенки зад себе како конкуренција, освојувајќи ја главната титула. Запознајте ја Јаел Шелбија,...Секој ден нешто свежо