„Суперхерој“ вети дека ќе го лови серискиот убиец кој го тероризира неговиот роден град и дека ќе ги „заштити невините луѓе по секоја цена“.

На неговата страница на Фејсбук, која има над 7.500 обожаватели, херојот „ShadowVision“ ја документира својата мисија да го фати серискиот убиец.

Иако неговиот вистински идентитет останува непознат, мисијата на ShadowVision е да го заштити градот Литл Рок во Арканзас, САД од убиецот, и тој вети дека ќе го „жртвува сопствениот живот за безбедноста на другите“

Поединецот што ShadowVision го лови е обвинет за три убиства во текот на изминатата година и за еден насилен напад.

Осомничениот се верува дека е вооружен и опасен. Но ова не го запира  ShadowVision во „вршење на неговата должност“.

ShadowVision на Фејсбук објави:

„Знам дека серискиот убиец ја следи странава. Ова е закана за тебе кога ќе те најдам, ќе ти покажам што им правам на сериските убијци. Те ловам.“

ShadowVision, тврди дека веќе „запрел неколку вооружени грабежи“ и дека „фатил двајца сериски убијци“, но не сме во можност да ги потврдиме овие тврдења.

Како и многу други суперхерои од стриповите, ShadowVision сака да си набави возило со кое ќе „патролира„ и ќе биде во чекор со криминалците.

Во моментот, патролите на ShadowVision се прилично ограничени бидејќи тој мора да се оди пеш. Неговиот идеален автомобил би бил Scion бидејќи е „агилен и се движи со голема брзина“.