Сите производи што ги користиме секојдневно, без разлика дали е кафето што го пиеме, фармерките што ги носиме или мобилниот телефон, поминуваат низ неколку чекори додека не завршат во наши раце. Дали знаевте дека за шолјата кафе што ја пиете секој ден, годишно се потребни 9 дрвја? Или дека за да се произведат вашите фармерки се потребни стотици литри вода?

  • Дали знаевте дека вашиот паметен телефон содржи злато и тоа околу 0.034 грами. Се користи поради одличните спроводни својства.

  • Потребни се 2700 литри вода само за да се направи една маица. На едно лице му требаат 2 и пол години да ја испие таа количина.

 

  • Околу 10 кг млеко се потребни за да се направи само 1 кг сирење.

 

  • За да се произведе 1 литар свежо флаширана вода, во просек, потребни се 1,39 литри вода.

  • Еден тон трска дава само околу 100 килограми  шеќер.

 

  • Во зависност од видот, кокошката може да положи 4 до 5 јајца неделно. Ова значи дека на две кокошки им треба цела недела за една табла јајца.

  • За една шолја кафе дневно, за време на една година, ќе бидат потребни околу 9 дрвја.

  • Потребни се 300 пчели и околу 3 недели за 0.5 кг мед.

  • За производство на 500 листови хартија (А4), се користат 5% од едно дрво.