Секој има нешто на што му воодушевува, но една жена отишла 7.000 чекори подалеку за својата омилена музичка група! Но, причината не е само љубовта кон групата.

За еден фан, повторното обединување на Спајс Грлс е многу повеќе од будење на старите чувства и носталгија.

24-годишната Шолин Хол, од Волверхемптон, толку многу го сака највлијателниот женски бенд на сите времиња, што дури потрошила 7.000 евра правејќи колекција во нивна чест, нивниот филм веќе го изгледала повеќе од 100 пати, а направила и тетоважи на своето тело, инспирирани од музичката група.

За Шолин музичката група не е обична, туку група чија музика и помогнала да се справи со врсничкото насилство додека таа била тинејџерка.

„Ако не беа тие, целиот свој живот ќе го поминев криејќи се во мојата соба. Бев жртва на врсничко малтретирање, а нивната музика ми помогна да заздравам“- вели обожавателката.

Шолин заработува преку онлајн трговијата со купување и продавање, а нејзината Спајс Грлс колекција се состои од огромен број на облека, при што секој ден носи различна нивна блуза, а сега е пресреќна што девојките повторно се обединија за нова музичка турнеја.

„Во Понеделникот ќе настапуваат во мојот град. Толку сум возбудена, што сигурна сум дека ќе плачам. Цела ноќ останав будна чекајќи да ги купам картите за концертот“- вели Шолин.