Има толку многу филмови кои покажуваат како луѓето се соочуваат со екстремни ситуации. Без разлика дали станува збор за природни катастрофи или напади од диви животни, се чини дека луѓето секогаш го наоѓаат решението. Сепак, во реалниот живот, работите можат да станат малку посложени и може да бараат од вас да реагирате многу побрзо отколку актерите во филмовите. Учењето на некои  вештини за преживување ќе ви помогне да се спротивставите на секоја можна опасност што ви се заканува на вас или на оние околу вас.

Ако сте дома за време на кражба

Избегнувајте: Повеќето крадци ќе побегнат ако сфатат дека некој е дома. Ако тоа не се случи, не треба да глумите херој и да трчате по нив.

Наместо тоа: Останете смирени и проверете дали некој навистина влегол во вашиот дом. Ако чуете дека некој навистина провалил најдете место од каде што ќе може да избегате. Доколку не може да излезете од домот, најдете добро место за криење и повикајте полиција.

 

Ако можете да го видите натрапникот од местото каде што сте, обидете се и запомнете колку што можете повеќе за нив. Општите карактеристики, како што се висината, тежината, полот и облеката, ќе и помогнат на полицијата во идентификувањето.

Ако има поплава

Избегнувајте: Ако водата е над глуждовите, престанете да одите низ неа. Водата може да ве совлада дури и ако се чувствувате како да можете да се справите со неа. Исто така, ако сте во близина на електрични жици, не ги допирајте, особено не со мокри раце.

Наместо тоа: Исклучете ги сите приклучоци од струја. Ако сте надвор од вашиот дом, користете стап за да шетате низ вода, бидејќи тоа ќе ви помогне да сфатите колку е цврста земјата. Најголемата грешка што би можеле да ја направите е да ја потцените моќта на водата. Затоа ако забележите дека нивото на вода е над  вашиот глужд престанете да се движите.

Ако ве фати снежна бура на отворено

Избегнувајте: Прво што треба да запомните е дека јадењето снег може да биде многу опасно. Може да ја намали температурата на вашето тело и да предизвика хипотермија. Ако сте во вашиот автомобил, исклучете го моторот и не го вклучувајте го сè додека не заврши снежната бура.

Наместо тоа: Треба да бидете соодветно облечени секогаш кога одите на локација со премногу снег. Ако се појави снежна бура, обидете се да изградете снежна пештера длабока најмалку 6 метри. Исто така, треба да носите комплет за палење оган што ќе го користите откако ќе бидете во вашата пештера. На овој начин не само што ќе се стоплите, туку спасувачите ќе можат побрзо да ве пронајдат.

Ако некој околу вас има напад

Избегнувајте: Не обидувајте се физички да ја смирите личноста (на пример со држење на нејзините раце и нозе). Исто така, не давајте им ништо за јадење или пиење. Запомнете дека некој кој има напад не може да го проголта јазикот. Можете исто така да заборавите на давањето вештачко дишење, бидејќи дишењето само ќе се врати во нормала.

Наместо тоа: Уверете се дека нема многу луѓе кои стојат околу личноста. Ако лицето носи очила или вратоврска, смирено извадете ги. Можете да ставите јакна или нешто меко под главата за да не се повредат.