Земјите и нивните култури се разновидни, исто како и митовите што ги опкружуваат. Некои луѓе сè уште веруваат (или сакаат да веруваат) дека можат да го сретнат грофот Дракула како шета низ ходниците на романските замоци или дека Французинките преферираат влакнести пазуви. Овие интернет корисници ќе ги споделат митовите за нивните земји во кои многу луѓе сè уште веруваат.

  • Дека во Австралија е секогаш топло. Не е.

 

  • Романија. Многу луѓе веруваат дека имаме вампири, но по 700 години живеење овде, не сум сретнал ни еден. Ги прашав моите другари од замокот и тие исто така немаат видено, а тие се тука подолго од мене.

  • Луѓето генерално претпоставуваат дека ако сте од Белгија, зборувате француски. Голем дел од земјата е франкофонски, но мнозинството од населението е фламанско (зборува холандски јазик).

 

  • Дека Кенијците се маратонци, живеат во колиби, не зборуваат англиски и чуваат диви мачки како миленичиња.

  • Грција не е само плажи и острови, имаме и убави планини и атракции на копното. Секој агол крие нешто интересно.

 

  • Многу луѓе помешуваат различни европски земји. За Швајцарија често велат Шведска. Мислам  дека е слично за Белгија / Белорусија, Словачка / Словенија …

 

  • Јас сум од Србија и луѓето се обидуваа да ме убедат дека тоа е дел од Русија. Тоа е Сибир.

  • Дека Мексико е пустина.

  • Секој Канаѓанец пие јаворов сируп, насекаде има мусеви, а ние цело време велиме „извини“.

 

  • Дека Бразил е огромна тропска џунгла во која луѓето зборуваат шпански.

 

  • Дека овци шетат по нашите автопати (Нов Зеланд).

  • Не е  баш мит, но голем број на луѓе сè уште мислат дека постои Чехословачка. Ние се разделивме во 1993 година. Ние сме од Чешка, а не Чехословачка.

 

  • Французин тука. Митот дека не се тушираме. Ние веќе не сме во 1700-тите. Исто така митот дека французинките да не се бричат. Тоа е личен избор на жените, мислам дека нема врска со националноста.

  • Јас сум од Сингапур. Не, ние не сме дел од Кина. Да, населението е 60% етнички кинеско, но тоа не прави дел од Кина онолку колку што САД е дел од Британија.