Збогум ресторани, продавници, канцеларии?! Што сѐ може да им се забрани на Австралијците доколку одбијат да се вакцинираат?

Австралијците би можеле да добијат забрана за пристап во ресторани, продавници и канцеларии доколку одбијат да се вакцинираат против Ковид-19.

Со новите акти на јавно здравство, државата и одделени територии имаат моќ да наложат вакцинација за одредени активности и професии, како што се работници за грижа за стари лица, од кои може да се побара редовно вакцинирање против Ковид-19.

Минатиот месец Премиерката на Нов Јужен Велс, Гледис Береџиклиан, предложи да се  дозволи на приватни простории, како што се барови, продавници и работни места, сами да постават свои правила за справување со новонастанатата ситуација.

Australians could possibly be banned from restaurants, shops and offices if they refuse to get a Covid-19 vaccine. Pictured: A bar next to the Sydney Opera House

„Ќе ја  разгледаме опцијата за  дали да им дозволиме на приватните местата  да ги уредуваат своите правила ако имаат деловна активност или работат на работно место за  што смета дека не е безбедно за Ковид“, рече таа за радио 2ГБ.

Во ноември шефот на Кантас, Алан Џојс, изјави дека ќе ги ажурира условите на авиокомпанијата за да бараат вакцинирање на патниците – и додаде дека многу други авиокомпании ќе го сторат истото.

„Ќе им наложиме на луѓето да се вакцинраат пред да  се качат во авионот, за меѓународните посетители што пристигнуваат и за луѓето што ја напуштаат земјата, сметаме дека тоа е неопходно“, рече тој за мрежата „Девет“.

Вакцинираните жители ќе можат да испечатат копија од нивниот сертификат за вакцинација од сајтот на Услуги Австралија или давателот на вакцината.

Last month NSW Premier Gladys Berejiklian suggested she may allow private venues such as bars, shops and workplaces to set their own rules. Pictured: Sketchers

In early January Mr Morrison said he wanted the states and territories to adopt the same rules over vaccinations. Pictured: An office

„Австралијците треба да ја имаат таа евиденција за вакцинација во зависност од државните препораки за јавно здравје, но и кога ќе патуваат откако повторно ќе се отвораат границите“- изјави министерот за владини служби Стјуарт Роберт.

Првата група вакцини треба да пристигне во Австралија кон средината на Февруари и првите вакцини се очекува да бидат применети на крајот на месецот.

Вакцините ќе бидат испорачани во пет фази. Карантински и гранични работници, здравствени работници од прва линија и персонал за нега на стари лица ќе бидат први.

Следни ќе бидат сите постари од 70 години, други здравствени работници, лица со тешки медицински состојби, работници за итни случаи, некои високо ризични работници како работници за преработка на месо и Абориџини и луѓе од островот Торес теснец, кои имаат над 55 години.

После тоа, Абориџините и островјаните од  Торес теснец, на возраст од 18 до 54 години, ќе добијат вакцина, како и Австралијанците над 50 години и други високо ризични работници.

Четвртата фаза ќе ги опфати сите возрасни лица, а потоа последната фаза ќе биде за деца – но само ако експертите велат дека на децата воопшто им е потребна вакцина.

Првично, помеѓу 30 и 50 болници ќе се користат како центар за дистрибуција на вакцината Фајзер.

Потоа, ќе се користат клиники за општа пракса, постојни респираторни клиники на Комонвелт ГП и други државни клиники за вакцинација.

A nurse gets vaccinated with the Pfizer-BioNTech Covid-19 vaccine in Paris, France on Thursday 6 January

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *