Обично, кога некој ќе спомне „славна личност“ или „sвезда“ подразбираме личност која успеала во одредена област, како што е кинематографија, спорт, пеење, итн. Меѓутоа, понекогаш, изгледа дека секој знае личност која е позната пo… ништо посебно. Овој феномен има дури и посебен термин – познат по тоа што е познат. Овој термин се користи за да се опишат кои се здобија со популарност не поради нивниот талент, туку едноставно поради нивното често појавување во медиумите.

Бевме љубопитни да ги дознаеме причините за појавата на овој феномен и дојдовме до заклучок дека потекнува од 19 век.

Како започна се` и која беше првата славна личност

Терминот „славна личност“ беше создаден од американскиот историчар и социјален теоретичар Даниел Ј. Борстин во 1961. Идејата за „славна личност“ го отсликува новиот феномен што изненади многу луѓе.

Во минатото, ако некој бил познат тоа било со причина, на пример како писател, актер или криминалец, за некој талент или гнасотија. Денес некои луѓе се познати, само затоа што се познати.

Француската танчерка Клео де Мерод од 19 век може да се смета за еден од првите славни личности чиј лик беше широко порепознат. Таа беше наречена „првата славна личност“. Таа беше и првата жена чии фотографии се раширија низ целиот свет во форма на разгледници. Можеме да кажеме дека тоа беше еден подвид на денешниот Инстаграм.

Клео била вонбрачна ќерка на една виенска бароница и таа станала популарна не само благодарение на нејзиниот танц, туку повеќе благодарение на нејзината појава, гламурозниот изглед и разните гласини.  Општеството активно разговарало за нејзиниот личен живот, особено за нејзината наводна романса со кралот на Белгија. Таа била една од најпопуларните жени во Франција на крајот на 19 и почетокот на 20 век и ја добила титулата за најубава жена во Париз во 1898 година.

Жената која стана позната по бројот на сопрузи што ги имала во 50 -тите години на минатиот век

За За Габор, американска актерка  која била во центарот на вниманието во 50 -тите години на минатиот век, може да се нарече уште еден  пример за овој феномен. Еднаш, историчарот и критичар, Нил Габлер, го воведе терминот „Zsa Zsa Factor“ за да го опише феноменот на слава што потекнува од непознато потекло. Иако е наведена како актерка во сите извори, треба да се забележи дека нејзината филмографија е многу помалку импресивна од нејзиното екстравагантно однесување и списокот на нејзините сопрузи. За За имала 9 сопрузи, вклучувајќи го хотелскиот магнат Конрад Хилтон и познатиот актер Џорџ Сандерс.

Приказната за успехот на Габор е прилично демонстративна: по неколку настапи во филмови, таа не ги напуштила ТВ -екраните и редовно се појавувала во разни ТВ -емисии. Се разбира, деталите за нејзиниот личен живот, и сите видови скандали и сензации, постојано влегувале во печатот.

Повторното појавување на феноменот во 2000-тите благодарение на внуката на талентиран дедо.

Конрад Хилтон бил успешен бизнисмен кој останува во историјата како личност која создаде револуција во хотелскиот бизнис и како основач на синџирот хотели Хилтон. Токму тој ги направи хотелите какви што ги гледаме сега. Исто така, тој дојде до идејата да додели sвезди на хотелите.

Токму неговата правнука стана една од најпопуларните славни личности во 2000-тите. Таа беше позната низ целиот свет, името Парис Хилтон секогаш беше  на насловните страници на списанијата, но во исто време, никој не можеше да објасни по што е позната. Според официјалната верзија, Парис Хилтон е модел, актерка, пејачка и дизајнерка, но во ниту една од овие области не оставила значајна трага што може да се спореди со нејзината слава. Славата дојде откако учествуваше во реалното шоу „Едноставен живот“ каде што снимаше заедно со нејзината пријателка Никол Ричи.

Хилтон стана жената која го воскресна феноменот „познат по тоа што е познат“ и имаше огромно влијание врз младите во 2000 -тите.

Феноменот на семејството Кардашијан


Во 2011 година, ТВ водителката Барбара Волтерс, ги покани Крис Џенер и нејзините ќерки, Ким, Клое и Кортни на нејзината  програма за најистакнатите луѓе во годината. Домаќинот ги праша гостите: „Вие не глумите, не пеете, не танцувате. Немате, прости ми, никакви таленти “. А Клое одговори: „Но, ние се` уште ги забавуваме луѓето“. И Ким додаде: „Мислам дека е поголем предизвик за вас да бидете во реално шоу и да ги натерате луѓето да се за вљубат во вас. Мислам дека дефинитивно има многу поголем притисок “.

Денес семејството Кардашијан – Џенер дури се нарекува „културен феномен“. Многу луѓе се` уште се прашуваат како успеале да станат познати низ целиот свет и да создадат цела деловна империја која се базира само на популарноста на сестрите и нивната мајка.

Кои се причините за овој феномен и што се случува со него денес?

Експертите наведуваат 2 верзии кои го објаснуваат феноменот. Според првиот, славната личност е универзален концепт кој постоел и ќе постои во секое општество и во секое време. Другата верзија вели дека феноменот на славна личност е поврзан со растот на популарната култура кога видео и аудио медиумите почнаа да доминираат во општеството. Односно, отсекогаш имало славни луѓе, но нивната популарност се должела на вистинскиот талент, додека денешните sвезди се познати затоа што нивните животи се јавни. Во исто време, општеството јасно го покажува својот интерес за тоа, само погледнете го бројот на следбеници на социјалните мрежи на овие ѕвезди. Ова се случува од неколку причини.

Според психолог, „Можеби некои луѓе кои не се чувствуваат добро во врска со себе и не се способни да го добијат она што го сакаат  поради страв од одбивање, можат да почувствуваат врска со славна личност и да добијат нешто позитивно од тоа “. Со други зборови, тоа е начин да се справите со тешкотиите во секојдневниот живот.

Исто така, постои мислење, според кое, општеството има желба да се поклони пред сите идоли. Опсесивно го следиме секојдневниот живот на познатите личности, не` интересира сe`: од љубовни драми до секојдневни работи како: какво кафе пијат. Не е изненадувачки што под овие услови, феноменот на славните во голема мера ги прошири своите граници.

Можеме да кажеме дека пресвртница во сфаќањето на славата во 21 век беше насловната страница на списанието „Тајм“ во 2006 година, каде што беше прикажан монитор со огледало со натпис „Ти“, наместо фотографија од „Личност на годината“.