Богато семејство ќе плати 120.000 долари годишно на некој среќен пар за да се грижи за нивниот приватен остров на Бахамите.

Од двојката ќе се бара да работи во повеќе домови на семејството кои се наоѓаат на Неапол, Флорида и Бахамите. Да, тоа значи дека би имале три гламурозни локации под ваша моќ, доколку бидете успешни.

Според огласот на Polo & Tweed, на избраните апликанти ќе им бидат исплатени од 100 000 до 120 000 долари годишно во зависност од искуството, ова вклучува здравствено осигурување и службен автомобил. Работното време е од Понеделник до Петок, од 8 до 17 часот.

Огласот за работното место беше објавено на 28 Април и веќе има безброј апликации.

За да може вие и вашиот партнер да аплицирате и двајцата треба да имате законско право да работите во САД.