Да патувате повеќе, да јадете подобро и едноставно да уживате во прекрасниот живот!

Еден од наjпознатите говтачи во светот и „виновникот“ зад извонредниот кулинарски серијал „Без резервација“, кој почина минатата година, не беше познат само по својот талент за готвење, туку беше истакнат и ценет поради неговите мудри мисли за животот.

Иако веќе не е со нас, неговите длабоки цитати се уште ги инспирираат сите и ги поттикнуваат да уживаат во животот, од еден, да го направат вреден!

Еве што велеше Бордејн за живтот, како да уживате и да го извлекувате секогаш најодброто од нештата:

1. „Патувањето е прекрасно чувство на допирање до непознатото“

2. „Плановите се краткотрајни, затоа бидете подготвени да продолжите и без нив“

3. „Многу ќе научиш од оној со кого си го споделил оброкот“

4. „Твоето тело не е храм, туку забавен парк. Уживај во возењето“

5. „Мислам дека храната, културата, луѓето и пејсажите се неразделни“

6. „Највкусната храна е најчесто онаа наједноставната“

7. „Начинот на кој правите омлет, открива многу за вашиот карактер“

8. „Ако сте жедни за учење, патувајте многу. Ако треба и спијте на подовите, но учете. Учете од сите луѓе што ќе ги запознаете“

9. „Не се плашам да изгледам како идиот“

10. „Среќата не е бизнис план“

11. „Не мора да се согласам со тебе, за да те сакам или почитувам“

12. „На мојата рака имам тетоважа на која пишува „Сигурен сум во ништо“. Мислам дека тоа е сосема добар животен принцип“