Шила Вокер и нејзиниот јоркширски териер се на истата страна во борбата за живот, бидејќи и двајцата боледуваат од рак, но една работа ја прави оваа приказна уште поневеројатна!

60-годишната жена и нејзиното куче се под постоајн медицински третман, бидејќи им е потребно непрекинато лекување.

За својата битка со здравјето, Шила се бори заедно со миленикот Бана, кој го смета за заслужен поради која собира сила и енергија да се справува со ригорозната болест.

Жената живее сама во својот дом, во Лидс, а ракот и бил откриен во 2015-та година, една година пред да го откријат и кај миленикот.

Она што ја прави оваа срцезатоплувачка приказна уште поневеројатна, е тоа што и кај Шила и кај териерот Бана, ракот ги зафатил истите делови од телото и кај двајцата. Односно, и двајцата страдаат од рак кој прво се појавил кај левата града, а потоа се проширил по линијата на ‘рбетот.

„Ние сме најдобри пријателки. Таа е целиот мој свет и во оваа битка сме заедно. Можеби е чудно што сме толку блиски и поврзани, но тоа е вистината. Бидејќи ракот и кај двете се наоѓа на исто место, чувствувам како Бана да го дели товарот со мене, како да ми помага и половина од болест ја носи таа, за да јас полесно оздравам“- вели гордата сопственичка.

За Шила, териерот е центарот, не само на нејзиниот свет, туку и на нејзиното срце. На 8-годишната Бана, ракот и бил дијагностициран минатата година.

„Поминавме и пребродивме толку многу. Поголемиот дел од болеста е исчезнат, но сè уште дел е присутен. Секојдневно правиме проверки и контрола. Нашата борба продолжува, а со тоа е зајакната и нашата врска“- додава Шила.

Иако ракот од кој страда таа е неизлечив, сепак со помош на бројни третмани и лекови, болеста успеала да ја редуцира и стави под контрола.