Една постара жена, наводно, се разбудила само неколку минути пред да биде кремирана откако нејзиното семејство мислело дека починала.

76-годишната Шакунтала Гаиквад, наводно, била болна од КОВИД-19  и се изолирала во нејзиниот дом кога нејзината состојба се влошила.

Нејзиното семејство потоа итно ја однело во болница, но поради постојаниот скок на случаи со КОВИД-19 во Индија, болницата не била во можност да и обезбеди кревет, па таа останала надвор во приватно возило.

По некое време Шакунтала престанала да дише, што довело до тоа нејзиното семејство да верува дека починала.

Семејството потоа ја однело дома за да започне да го подготвува нејзиното тело од кремирање, кога постарата жена одеднаш се разбудила, само неколку минути пред да биде запалена.

По будењето, нејзиното семејство ја вратило во болница каде што можела да се лекува. Нејзината моментална состојба останува непозната.