После пијана вечер се разбудила со гостин во кревет- не е тоа што мислите

28-годишната Миа Флин, од Велс, поминала забавна пијана вечер кај другарка дома, но кога се разбудила следното утро во нејзиниот кревет имало неочекуван гости- куче од расата хаска, и не, Миа не е сопственик на куче.

На видеото гледаме како Миа шепоти пред камерата: „Премногу се плашам да се помрднам од мојот кревет“, а потоа ја врти камерата накај огромното животно кое се релаксира покрај неа.

Младата девојка и покрај ужасниот мамурлак почнува полека да се присетува на предходната вечер и нејзиното патешествие го документиаше во низа видеа.

„Значи, одев накај дома некаде по полноќ, кога кучето почна да ме следи. Тоа само талкаше по улицата, подоцна дознав дека тоа била улицата на која живеело, па претпоставувам дека само излегло надвор да прошета“.

„Мајка ми ќе полудеше. Таа спиеше кога влегов во 2:30 часот по полноќ и и реков „Имам нов другар“.


„Ова дефинитивно не е чудно за мене, сите знаат дека полудувам после неколку пијачки. Но, никогаш не сум донела животно дома“.

Откако сфатила што се случило Миа споделила слика од кучето на својот Фејсбук.

Миа рече: „Знаев дека на сите ќе им биде смешно бидејќи имав многу пораки кога се разбудив. Но го ставив на Фејсбук за да пробам да го најдам сопственикот. Кутрото куче веројатно само сакало да си оди дома “.

За среќа Миа го најде сопственикот кој ја видел смешната страна на целата приказна.

 

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *