Клипот, споделен од поранешниот професионален кошаркар Рекс Чепмен, започнува со слон кој е во опасност и очајно се бори да се искачи на стрмната земја.  Потоа, на аголот од екранот, се појавува багер.

Човекот што го вози багерот нежно го турка беспомошното суштество, кревајќи го се додека не успее да се повлече нагоре и да застане на нозе.

Тоа е убав момент, и практично можете да го почувствувате олеснувањето на слонот додека тапка на тревата и ја допира главата до багерот, потег за кои многу корисници на интернет велат дека значи нешто како: „фала ти, да пукне!“

Но некои не беа убедени дека слончето е благодарно за помошта. Голем број интернет корисници го истакнаа фактот дек багерот го нарушува мирот во живеалиштето на слонот и според нив допирот со глава значи „закана“ а не „благодарност“.