„Човекот за кого се омажив, имав чувство, дека го познавам целиот мој живот. Бевме долги години во врска и навистина сè изгледаше совршено…“ Прочитајте ја во продолжение емотивната исповед на една вљубена жена.

„Човекот за кого се омажив, имав чувство, дека го познавам целиот мој живот. Бевме долги години во врска и навистина сè изгледаше совршено. Мислев дека судбината да бидеме заедно ни е загарантирана. И не само тоа, сметав дека сме една душа. Секогаш сè беше договор меѓу нас двајца. Ништо не сокривавме еден од друг и секогаш разговаравме за сите проблеми. По 5 години од нашата врска, решивме да стапиме во брак. Тој ме запорси, јас се согласив.

Едноставно знаевме дека тоа е следниот чекор од нашата врска. Тоа и реално беше така. Не живеевме претходно заедно, туку секој кај своите родители. Договорот беше, по свадбата да се преселам да живеам кај него т.е кај неговите родители, бидејќи тие имаа голема куќа, при што ќе ни беше поудобно. И секако, се разбира, сакавме да имаме и свој личен живот. Сè беше чудесно, се договоривме така и така стапивме во брак.

Поминаа неколку месеци од бракот и морам да признаам, тој се промени и започна поинаку да се однесува со мене. Не знаев што му е. Мислев дека можеби му е потребно повеќе време да се прилагоди на новата ситуација, но ништо не се промени. Го оставив да размислува. Сметав дека е потребно време. Јас продолжив да живеам како претходно. Имав 24 години. Сакав уште да се забавувам со пријателките, понекогаш да излезам на кафе и да уживам. За деца има време.

Но, време немаше за мојот сопруг. Тој сакаше веднаш да имаме деца и тоа долго го сокриваше од мене. И така еден ден дојде и сè ми кажа во лице. Сфатив дека тоа било она што го измачувало цело време, а дури сега капката ја прелеа чашата. Беше ужасно.

За тоа можевме да разговараме и пред бракот. Но, можеби му била и задачата, да ме ожени, да ме донесе во куќата и јас само да раѓам деца, да готвам, да перам и да чистам. Но, јас ништо од тоа не планирав да правам на моите 24 години.

Започна непрекинато да ме обвинува, како не ми е срам да одам на кафе со пријателките. Започна да вели дека мојата обврска било да седам дома и да ги вршам домаќинските работи. Доколку не планирам тоа да го правам, да се иселам од домот, бидејќи куќата е негова.

Така човекот, кој го познавав долго време и кој многу го сакав, се промени во еден момент.

Веднаш си тргнав од таа куќа. Но, никогаш не разбрав, но ниту пак ме интересираше дали тоа го имаше планирано сите тие години додека бевме во врска или сега, во еден момент нешто се скршило во него.

И јас бракот го замислувам како среќно семејство и деца, но едноставно ми требаше малку време. Не бев подготвена.

Сега сум сама и најголемиот проблем ми е довербата во идните партнери.“