На прв поглед неочекувано, но стана тренд. Со негова помош многумина веќе си избелија забите.

За бели заби потребен е само активен јаглен!

Еден од најмоќните природни лекови кој помага при голем број заболувања од дизентерија до последици од радијација е активен јаглен.

Супстанцијата е позната со векови и одамна се применува во медицината.

Египетските лекари препорачувале користење на активен јаглен при труење, а Индијанците го користеле за кожни инфекции.

Активниот јаглен има широка примена поради способноста за апсорбирање на други супстанции.

Нема негативни манифестации и Американската агенција за храна и лекови го вклучува во прва категорија (како сигурен и ефикасен лек) при лекување на акутно труење.

Како да ги избелите забите со активен јаглен?

Процедурата е многу ефикасна. Во еден сад надробете од активниот јаглен (од аптека), со влажна четка нанесете на забите исто како кога ги миете.

Нема потреба од дополнителен притисок, туку едноставно нормално исчеткајте ги забите.

Доволни се само 3-4 минути, а потоа исплакнете и измијте со нормална паста за заби, која обично ја користите. Резултатите треба да бидат видливи, веднаш по првото миење.

По една недела и ќе имате сјајни бели заби.