Без разлика дали живеете во центарот на вниманието или не, знаете дека да се биде во посветена врска понекогаш е предизвик. И никој не го знае ова подобро од славните парови кои често се бркани од папараците и следени од милиони фанови. Сепак, многу од нив докажуваат дека вистинската љубов што ја гледаме на екранот е можна и во реалниот живот, и тие се подготвени да ги споделат нивните тајни со нас.

Собравме неколку совети од славните парови и сакаме да ги споделиме со вас.

Бијонсе и Џеј Зи

Пејачката е убедена дека кога се во прашање врските е клучно да се ставите себеси на прво место. „Бев независна пред да го запознам мојот сопруг, и имаме таква природна хемија и вистинска врска“, рече таа. „Сум видела како жена или маж, не е важно кој, се чуствуваат несигурни во врската, а тоа носи чуство на заробеност. Не треба да зависите од партнерот“, додаде таа.

Џастин Тимберлејк и Џесика Бил

Тимберлејк и Бил се еден од најомилените славни парови во Холивуд, а тајната на нивната долготрајна врска е едноставна: никогаш не престанувајте да се забавувате. „Тоа е секогаш моето правило, дури и кога ќе стапите во брак, мора да продолжите да излегувате… Само разликата доаѓа кога имаш деца… Значи, кога велите дека ќе излезете во 18:30, треба да излезете во 18:30 часот“, рече Тимберлејк.

Кристен Бел и Дакс Шепард

Наградуваната актерка призна дека не ѝ било отсекогаш лесно да биде во врска со нејзиниот сопруг. „Ќе се скаравме, јас ќе почнев да викам, а потоа ќе ја треснев вратата и ќе се качев во автомобилот и ќе возев неоколу“. Се чувствував толку добро, но сфатив колку е тоа токсично дури откако тој го посочи тоа“, откри таа. Бел рече дека и требало доста време да сфати дека мора да работи на себе: „Знајте дека секој се труди да биде најдобрата верзија од себе. Затоа, треба да работите и да ги решите вашите проблеми“.

Алиша Кис и Свиз Биц

Добитничката на Греми наградата верува дека една од најважните работи во бракот е да се одржи страста. „Свиз и јас сакаме да се изненадуваме еден со друг и да одиме на тајни состаноци за викенд. Еден од нас го планира тоа, а другиот нема поим каде одиме“ сподели таа.

Крис Хемсворт и Елса Патаки

Актерот од „Тор“ и татко на 3 деца секогаш одвојува време за состаноци со неговата сопруга. „Штом ќе имате деца, секој момент од вашето време се троши со тоа. Немате време еден за друг. Затоа, погрижете се да одите на состанок, дури и ако тоа е еднаш месечно, бидејќи најчесто сте премногу уморни и всушност повеќе би сакале да спиете“, сподели тој.

Блејк Лајвли и Рајан Рејнолдс

Блејк Лајвли и Рајан Рејнолдс откриваат дека една од тајните на нивната силна врска е совладувањето на управувањето со времето. „Мојот сопруг и јас не работиме во исто време, така што сите одиме заедно каде и да работи едниот. Ако сме далеку од семејство, тоа никогаш не е повеќе од еден ден. Остануваме заедно“, откри Лајвли. Рејнолдс, кој никогаш не пропушта прилика да се пошегува за нивниот семеен живот, верува дека смеењето заедно е „знак за здрава врска“.