Морковот е богат со каротен, кој во огранизмот се преработува во витамин А, исто така морковот содржи и витамин Е и целулоза и затоа делува добро за варењето на храната.

Морковите ја спречуваат појавата на гастрит. Дијабетичарите и болните од ревматизам треба да го вклучат морковот во секојдневната исхрана. За да направите вкусен сируп од морков потребно е да исцедите две чаши сок од морков да додадете една чаша кафеав шеќер и да ги варите се додека смесата не се згусне.

Потоа го ставате сирупот во сува тегла или шише, и го чувате на суво и темно место. Консумирајте по неколку лажици на ден и ќе ви помогне да го излечите бронхитисот и ќе биде одлична превенција за настинки.