Лето е. Топло е. Време е … за сладолед! Кажете кој е Вашиот омилен сладолед, а ние ќе Ви кажеме каков е Вашиот карактер.

Со вкус на ванила

Ако вашиот омилен сладолед е ванила, вие сте смирени, рационални, цврсто чекорите на земјата. Не сакате празни муабети. Знаете дека најважно во животот е да бидете реални. И затоа вие сте токму такви – вистински, искрени, природни. Свои.

Со вкус на овошје

Ако вашиот омилен сладолед е со вкус на овошје, вие сте боем по душа. Вашето мото е дека најважните работи во животот се малите, едноставни, обични нешта. Вие едноставно умеете да живеете вистински.

Со вкус на чоколадо

Ако вашиот омилен сладолед е чоколаден, вие сте непоправлив романтичар. И како таков, умеете да внесувате романтика насекаде во вашиот живот. Вашето чувство кон убавото, посебното, емоционалното може да го стопи срцето и на најголемиот прагматичар. Со вас навистина е возбудливо да се комуницира …

Со вкус на мента

Ако вашиот омилен сладолед е пеперминт, вие имате силно развиена интуиција, импулсивни, ги сакате ризиците, предизвиците кон нешто ново.

Со вкус на кафе

Ако вашиот омилен сладолед е со вкус на кафе, вие сте фокусирани на внатрешниот свет. Се барате себе си, односно барате како да се развиете самите. Како да се менувате самите и светот околу себе. Поседувате аналитички ум и способност да ги гледате работите во перспектива.