Чудни закони има многу низ целиот свет. Голем број законски акти се останати од минатото, бидејќи се чини дека некој едноставно заборавил да ги избрише, но има и модерни закони што на прв поглед може да изгледаат апсурдни. Како е можно едно нешто да е легално во една земја, а забрането во друга?

Погледнете ги овие чудни закони и добро запомнете ги за да не се најдете во непријатна ситуација кога ќе патувате во некоја од овие земји.

Користени работи

Ако одлучите да започнете со препродажба на користени работи во Канада, ќе мора внимателно да проучите долг список на забрани и препораки. Списокот на стоки кои не се целосно забранети, но сепак може да предизвикаат некои проблеми, е огромен: колички, градинарски светла, ролетни, хокеј кациги, MP3 плеери, итн.  Користените душеци и вреќи за спиење, исто така, имаат посебни правила. Тие можат да бидат донесени во земјата само со потврда дека предметот е исчистен и дезинфициран.

Филмови за патување низ времето

Во Април 2011 година, во Кина стапи на сила забраната за снимање и дистрибуцијата на филмови кои ја опфаќаат темата патување низ времето. Властите ја засноваа својата одлука на фактот дека „писателите се премногу опуштени во однос на историјата и слободно ракуваат со настани и личности од реалниот живот, што во никој случај не треба да се охрабруваат“. Исто така, беше нагласено дека овие дела промовираат верувања во „феудализам, суеверие и реинкарнација“.

Крема за сончање

Хаваите имаат направено различни забрани во врска со хемикалиите во кремите за сончање. Оксибензон и октониксат беа забранети во 2018 година, а авобензон и октокрилен беа забранети во 2021 година. Се верува дека овие хемикалии се еден од факторите што придонесуваат за уништување на коралните гребени. Производите што содржат вазелин и титаниум диоксид сè уште се на списокот на состојки кои не се препорачуваат за употреба.

Балони на стапче

Балоните на стапчиња се забранети во сите земји на ЕУ (почнувајќи од јули 2021 година). Оваа забрана е сосема логична бидејќи нивниот состав не се разликува од другите мали пластични предмети, кои иако можат да се рециклираат, ретко се фрлаат на соодветно место.

Кучиња

До 1984 година беше забрането да се има куче во главниот град на земјата од каде што потекува исландскиот овчар. Дури и сега, жител на Рејкјавик ќе мора да добие специјална дозвола од општината за да чува куче. Покрај тоа, потребна е согласност од најмалку 2/3 од соседите ако лицето живее во зграда.

Пластични капсули за кафе

Властите во германскиот град Хамбург први одлучија дека штетата врз животната средина предизвикана од капсули за еднократна употреба на кафе не вреди за практичноста што ја доживуваме при нивното користење. На граѓаните им е дозволено да ги користат овие капсули дома, но нивното користење е забрането во државните организации од 2016 година.

Свирчиња

Гватемала забрани употреба на свирчиња кои личат на оние што ги користи полицијата. Дури и ако свирчињата се наменети само за деца, подобро е да не ги носите во оваа земја.

Козметички производи со микро гранули

Ситни пластични монистри може да се најдат во многу видови козметички производи: од пилинзи и гелови за туширање до паста за заби. Овие гранули се мијат со вода и влегуваат во системот за канализација. Оттаму, тие влегуваат во реки, езера и океани заобиколувајќи ги филтрите, бидејќи се премногу мали. Овие производи се забранети во повеќе зејми  вклучувајќи ги Канада, Велика Британија, Италија и Шведска.

Пластични кутии за храна

Владата на Австралија донесе одлука дека од 2021 година е забрането да се продава храна во пластични кутии. Причината е иста – да го заштитиме нашиот екосистем. Австралиските законодавци предупредуваат дека ова е само првиот чекор и тие наскоро ќе започнат со постепено регулирање на регулативите за забрана за чаши за еднократна употреба, пластични кеси и памучни брисеви со пластични стапчиња.