Има моменти кога сите се наоѓаме во незгодна ситуација. Како, на пример, кога треба да излезете и ќе ви се откачи патентот од омилената јакна, а вие немате што друго да облечете. Или кога сте во ресторан, го чекате партнерот и сфаќате дека имате лош здив, а немате гуми за џвакање.

И ние се соочуваме со слични ситуации. Ова е причината зошто баравме неколку едноставни работи кои би можеле да ви го олеснат животот. Следниот пат, можете да ги испробате.

Користете вилушка за да го поправите патентот.

На многу парчиња облека има петент. Но, понекогаш, се случува тој да се откачи. Среќа, има едноставен трик за да го поправите ова, се додека патентот не е искривен и запците на патентот не се скршени. Само закачете го патентот на вилушка и лизнете го нагоре како што е прикажано на фотографијата.

Отстранете го тврдоглавиот трн со  лепак.

Ако имате заглавен трн, посегнете по лепак. Осигурајте се дека е квалитетен лепак, најдобро белиот, кој има тенденција да се исуши и да се олупи од кожата. Истурете мала количина онаму каде што е трнот и почекајте да се исуши. Излупете го и така ќе излезе и трнот.

Гаргара со солена вода против лошиот здив.

Солената вода е добар убиец на бактерии и може да се справи со бактериите во устата. Тоа е ефтино и достапно решение, и исто така можете да го користите ако сте надвор и имате лош здив. Само растворете половина лажичка сол во чаша млака вода и направете гаргара. Ова може исто така да го подобри оралното здравје и да ја олесни иритацијата на респираторниот тракт.

Држете шајка со шнола за да избегнете несреќи.

Лесно е да ја промашите шајката и да удрите со чеканот по прсти. А тоа е болно. Така, следниот пат кога ќе треба да заковате тенка  шајка, користете шноличка за да ја прицврстите.

Затегнете ги лабавите завртки со нанесување лак.

Понекогаш, завртките се разлабавуваат. За да бидете сигурни дека тие ќе останат на место, нанесете лак за нокти на врвовите. Оставете да се исуши малку, а потоа зашрафете ја на старото место.

Отстранете ја ‘рѓата од алатите со компир.

Компирот содржи оксална киселина која е добро средство за чистење. Корисен трик за отстранување на ‘рѓа од алатите е да користите компир, со малку сода бикарбона или сапун за садови. Исечете парчие компир, потопете го во сода бикарбона или сапун за садови за да додадете на абразивното дејство и истријте ги ‘рѓосаните делови.

Смирете ги каснувањата од инсекти со сол или паста од сода бикарбона.

Убодите од пчели не само што се болни за некои, туку можат да предизвикаат и алергија. Значи, ако болката е интензивна и се шири, веднаш побарајте медицинска помош. Ако имате само локализирана болка  може да ја ублажите со сол или сода бикарбона. Направете паста со мешање на вода со сол или сода и нанесете на каснатото место.