Сите сме се нашле во ваква ситуација. Речиси ја испразнивте вашата сметка, а 1ви од следниот месец е дури за 10 дена.

Во овие ситуации најчесто се прашувате дали тие нови чевли ви беа навистина потребни или само сакавте да ги купите затоа што ви се допаѓаат. Сите се наоѓаме во искушение да трошиме пари на работи кои не ни се неопходни во моментот, па затоа собравме неколку совети кои ќе ви помогнат полесно да си ги распределите финансиите следниот месец.

  • Пред да пазарите, направете листа на работи што треба да ги купите, а не оние што ги сакате. На пример, размислете да купите спортски патики што ви се потребни за вежбање скоро секој ден, наместо да купувате луксузни чевли што ќе ги носите само неколку пати.

  • Направете истражување пред да купите нешто. Проверете дали можете истото да го купите по пониска цена на друго место.

 

  • Искористете ги картичките за попуст секој пат кога ќе можете.

 

  • Почнете да собирате купони.

  • Освен купони, постојат и други маркетинг алатки што компаниите ги користат за да привлечат повеќе клиенти, а вие можете добро да ги искористите. На пример, некои компании нудат попусти за нови клиенти, флеш продажби што траат само ограничено време, празнични или сезонски распродажби или неделни попусти на одредена стока. Само погрижете се да НЕ СТАНЕТЕ ПЛЕН на паметното рекламирање и купете ги САМО НЕШТАТА ВИЕ ПОТРЕБНИ.

 

  • Размислете за купување користени работи наместо нови. Посетете продавници на старо. Овде можете да најдете многу добри работи по ниски цени.

 

  • Отворете штедна сметка. Ова ќе ве оддалечи од ситуации кога немате пари и може да ви помогне да се чувствувате финансиски посигурни. Проверете какви понуди за штедачи нуди вашата банка.

 

  • Не ги трошете парите што ги ставате на вашата штедна сметка на импулс. Ова е фонд за итни случаи!

  • Користете апликација која ви помага да ги пресметате вашите трошоци. Ова ќе ви помогне да ги анализирате вашите набавки и да го купите само она што е потребно.

 

  • Не само што можете да го зголемите вашиот буџет, туку можете и да се обидете да заработите пари. Ова може да биде во форма на работа со скратено работно време или летна работа, но треба да бидете сигурни дека нема да се измачувате себеси.