Сите сакаме да го вратиме младешкиот изглед и да заблескаме во посебна прилика од животот. Сепак не сакаме да губиме реме и пари на долги и компицирани процедури, кои чинат цело богатство. Иако звучи невозможно да се избегнат сите овие работи, имаме добри вести за вас. Постои брз, интензивен и импресивен третман со кој ќе предизвикате воздишки во просторијата и ќе се будите свежи и задоволни со својот изглед. Станува збор за лифтинг со мезоконци.

Што се мезоконци?

Лифтингот со мезоконци е еден од најновите светски лифтинг трендови, кој опфаќа користење на специјален материјал, полидиоксионон кој кога ќе се постави во горниот слој на кожата ја затега и подига опуштената кожа. Постапката е кратка и се изведува со помош на микро иглички кои внатре го содржат мезо конецот, кој што после аплицирање останува во кожата а игличките се вадат.

Со третманот можат да се подигнат и зајакнат зоните кај образите, околу очите, специјално зоната на подочниците, вратот и деколтето. Апсолутно безбедна метода без хируршка интервенција поради што не е потребно време за опоравување. Предноста на оваа метода е што се постигнуваат брзи и долготрајни резултати со ефект на подигање и затегање на опуштената кожа на лицето и вратот, со апсолутно помали финансиски трошоци од хируршкиот лифтинг.

Како се одвива третманот?

Иако можеби звучи страшно помислата да се вметнуваат конци во лицето процедурата, воопшто не е болна и е сосема безбедна. Првин се нанесува анестетска крема која стои 30 минути, а потоа безболно се внесуваат конците со помош на многу тенка игла. Секако иглата веднаш се извлекува, а конците остануваат под кожата.

За оние кои се плашат од негативни ефекти, нема потреба од грижа, секако ако процедурата ја извршувате во проверена ординација и сте во рацете на искусен дерматолог. Може да има благо руменило и нензачителен оток, кои брзо исчезнуваат. По третманот ќе можете да си продолжите со секојдневните обврски. Ефектот може да се види веднаш, а по 2 до 6 месеци се гледа доцниот ефект.

Не чекајте, патот до совршено лице е на само еден чекор од вас. Јавете се во ординацијата Др Анчевски и закажете си консултации. Нивниот професионален тим ќе пронајде начин и средства како уште оваа лето да го вратите вашиот сјај и да бидете уште позадоволни со себе.