Oва едноставно упатство ќе ви помогне да создадете практична стаклена чаша од шише со уникатен изглед. Целиот процес на изработка е многу лесен и забавен, а еве и како да го направите.

Уникатна чаша од стаклено шише

Ќе ви биде потребно

  • Јаже
  • Течност за полнење запалки
  • Една или повеќе дебели стаклени шишиња (Најдобро со етикета или натпис)
  • Брусна хартија

Начин на подготовка

1. Најпрво врзете го јажето околу шишето.

2. Потопете дел од јажето, кое го опфаќа шишето, во течноста за запалки.

3.  Поставете го шишето обратно во „јамката“ и задржете ја хоризонтално. Запалете го јажето и набљудувајте како рамномерно гори по целата негова должина.

4. Сега едноставно поставете го шишето под студена вода. Таа ќе го подели истото на два еднакви дела.

5. Со помош на брусна хартија, лесно порамнете ги нееднаквите рабови од шишето.

6. Вашата неверојатна чаша е готова!