Кога гледаме филмови, не знаеме дека во некои сцени, актерите всушност не глумат, туку ги покажуваат своите вистински емоции. Понекогаш режисерите ги тераат да одглумат одредени емоции, а другпат, емоциите доаѓаат природно.

Навистина уживавме гледајќи сцени каде чуствата и реакциите на актерите се автентични, па затоа ги споделуваме со вас.

Џорџи Хенли (Нарнија)

Режисерот на филмот, Ендрју Адамсон, одлучи на малата актерка да не и го покаже сетот што беше изграден за светот на Нарнија. Кога Луси влегува во гардароберот, навистина ја гледа снежната шума за прв пат. Нејзината реакција е вистинска.

Крис Ленгам (Животот на Брајан- Монти Пајтон)

Кога Мајкл Пејлин како Понтиј Пилат им се обратил на војниците, предизвикувајќи ги да се смеат, тој навистина ги предизвикувал. На војниците им било наредено да стојат и да не се смеат, но не им било кажано што ќе направи Пејлин. Пејлин, всушност, едвај може да ја прикрие сопствената смеа за време на сцената.

Кејт Винслет (Титаник)

Во сцената каде Роуз го бара Џек низ ходниците, водата што се користела всушност била од Тихиот Океан. Водата била толку студена што кога Роуз воздивнува пред да се нурне во водата, тоа е вистинска реакција на актерката.

Том Хидлстон (Тор)

Улогата на Один ја одигра Ентони Хопкинс. Тој имаше шанса да го покаже својот талент кога Тор ќе биде протеран од Асгард. Режисерот му дозволи на Хопкинс да импровизира, па Один даде моќен монолог што ги расплака сите на сетот, вклучувајќи го и Том Хидлстон. Јасно можете да видите дека не глуми, тој навистина плаче.

Том Фелтон (Хари Потер и одајата на тајните)

На крајот од вториот филм за Хари Потер, има смешна сцена. Кога Дамблдор ќе каже добри работи за Хагрид на крајот, сите стануваат и ракоплескаат,освен Слитеринците. Но, еден од нив, Креб, исто така станува и почнува да плеска, а Драко Малфој го спречува.

Оваа сцена не била во сценариото. Актерот Џејми Вејлет заборавил дека не треба да стане. Така, Том Фелтон го повлекол назад за да го спречи да ја уништи сцената.

Даниел Редклиф, Руперт Гринт и Ема Вотсон (Хари Потер и Редот на Фениксот)

Хари, Рон и Хермиона седат во собата во Грифиндор и зборуваат за првиот бакнеж на Хари. Хермиона кажува многу работи за чувствата и вели: „Само затоа што си емотивен колку една лажичка“. Оваа реплика е во книгата и во сценариото, но звучи толку  смешно што сите тројца почнале да се смеат.