Оваа чудесна маска ќе ви помогне на природен начин да се справите со проширените пори, здодевните брчки, притоа ќе ја зајакне текстура на кожата и ќе ја избели од темните дамки.

Домашна маска од кисело млеко и портокали за совршено лице

Потребни состојки

  • 50 мл сок од портокал
  • 3 супени лажици кисело млеко
  • 1 кафена лажица мед

Начин на подготовка

Едноставно измешајте ги сите состојки заедно, до добивање мазна текстура. Добиената смеса нанесете ја врз претходно исчистената кожа на лицето и оставете ја да дејствува 10 минути. На крај, исплакнете со вода.

Практикувајте го домашниот третман еднаш неделно.