Изборот на соодветна ноќна крема за лице навистина може да биде тешка задача. Од сите козметички производи, токму ноќниот крем ја има најголемата моќ кога станува збор за потхранувањето и регенерирањето на кожата.

Доколку го преферирате природниот начин за нега на лицето, тогаш вреди да ја пробате следната домашна крема за лице, која многу лесно може да ја приготвите уште денес.

Домашен рецепт за ноќна крема со помдладувачки ефект

Потребни состојки

  • 2 супени лажици сок или гел од алое вера
  • 1 супена лажица зејтин
  • 2 супени лажици млеко во прав

Начин на подготовка

Ова количество ќе биде доволно за една мала тегла. Добро измешајте ги сите состојки заедно, а потоа добиената смеса складирајте ја во ладилникот.

Зошто оваа крема е ефикасна?

Сокот од алое вера природно и неверојатно многу помага во отстранувањето на темните кругови под очите, а притоа неговиот силен навлажнувачки ефект дополнително ќе ја омекне кожата.

Она што е уште пофантастично е што оваа домашна крема лесно се апсорбира во кожата, без притоа да ги затнува порите.