Повеќето жени претпочитаат по природен пат да изгледаат помладо, попривлечно и прекрасно, а токму со ваков долготраен ефект е следната домашна крема против брчки која денес ви ја претставуваме.

Најдобриот домашен крем против брчки

Потребни состојки

  • 1 супена лажица мед
  • 1 кафена лажица вазелин
  • 1-2 капки јод
  • 1 супена лажица рицинусово масло

Начин на подготовка

Најпрво, во стаклен сад додадете 1-2 капки јод, но никако повеќе. Потоа додадете ги медот, вазелинот и рицинусовото масло и добро измешајте ги сите состојки заедно. Добиениот крем за лице складирајте на темно и ладно место. Истиот има 1 месец рок на траење.

Начин на употреба

Нанесете тенок слој од кремот врз претходно исчистено лице. Пред да го употребите, добро промешајте ја смесата. Засилете го ефектот на истата со масирачки движења, при нејзиното нанесување. Може да ја употребите како маска, да ја оставите да отстои 15 минути до 1 час.

Чудесниот домашен крем ќе ја направи вашата кожа значително поеластична, а воедно кожата ќе биде затегната и ќе изгледа помлада, а брчките ќе бидат веќе минато за кратко време.