Една жена реши да им помогне на сите како лесно да откријат дали се во врска или брак со психопат. Откако самата таа открила дека нејзиниот сопруг ја изневерува додека била трудна, открила дека тој е психопат.

„Тој лажеше без воопшто да се кае во текот на бракот и секогаш одбиваше да ја прифати одговорноста за своите постапки – а се се чинеше нормален, интелигентен, па дури и шармантен во очите на сите.“

Иако психопатите вешто совладале како да манипулираат со другите луѓе, според оваа жена која била во брак со еден таков, ова се 3-те најдобри начини како да ги разоткриете, односно да препознаете дали и вашиот партнер е психопат:

1 „Бомбардирање“ со љубов

Иако е сосема нормално да се чувствуваме сакано во текот на почетната фаза од нашата врска, т.н. период на меден месец, таа тврди дека психопатите буквално ги бомбардираат луѓето со ласкање, внимание и комуникација.

„На почетокот се чини дека е премногу, но со тек на време се навикнувате на тоа и буквално ви станува нормално. Потребно ви е поправање“- вели таа.

2. Тажна приказна

Ако го прекорите партнерот затоа што неговите постапки не одговараат на неговите зборовите, каква е неговата реакција? Дали се извинува, објаснува за што станува збор или се обидува да ги сврти работите во негова корист, со помош на некоја тажна приказна?

Во случај да станува збор за последното, постои голема шанса да имате врска со психопат. Играњето на картата на сожалување е знак што ги открива психопатите затоа што тие одеднаш стануваат жртва и се потпираат на емпатијата и вина на „нормална“ личност.

3. Лоши врски

Најдобар начин да пробате да откриете дали некој е психопат е да ѕирнете во нивното минато затоа што многу од нив повториле идентични се однесувале идентично и повторувале исти работи од врска до врска.

Ако немаат добар однос со семејството, многу „прекинати“ пријателства или долг список на наводно луди поранешни партнерки, тогаш треба да го вклучите алармот.

Како и да е, што да правиме ако мислиме дека личноста со која сме во врска е психопат?

Судејќи по оваа поранешна сопруга, луѓето со ова нарушување цветаат кога има драма околу нив и затоа е тешко да се стави крај на врската. Наместо тоа, таа препорачува да не реагирате на драматичните пораки и повици што сигурно ќе започнат да пристигнуваат кога работите ќе завршат.