Иако свесни сме дека пржената храна не е најдобриот избор за нашето здравје, но едноставно не можеме да одолееме на овие меки и вкусни пирошки со сирење!

Истите се приготуваат неверојано лесно, а во продолжение прочитајте го деталниот рецепт.

Брзи и вкусни пирошки со сирење

Потребни состојки

  • 2 јајца
  • 200 мл пресно млеко
  • 2 супени лажици масло за готвење
  • 1 кафена лажица сол
  • 1 пакетче пециво
  • 300 гр брашно
  • 150 гр сирење

Начин на подготовка

Во сад измешајте ги јајцата, а потоа додадете го млекото и маслото за готвење и продолжете со мешањето на состојките.

Измешајте го брашното, пецивото и солта, а потоа истите додадете ги во претходната смеса со јајцата. Добро измешајте ги сите состојки, за да нема грутки.

На крај додадете го и сирењето и измешајте со лажица.

Додадете масло за готвење во помало тенџере, затоплете го, а потоа додадете ги и пирошките. Пржете на умерен оган, за да истите не изгорат. Потребно е и од двете страни, тестото да ја добие посакуваната златна боја.

Готовите пирошки извадете ги од тенџерето и поставете ги на хартија, за да се апсорбира вишокот масло.

Пријатен апетит!