Доколку сте воделе бескрајна војна со вошки во косата на вашите деца или пак самите сте ја искусиле оваа непријатна појава, тогаш веројатно добро знаете колку труд, нерви и време може да одземе овој проблем.

Иако вошките не се опасни, тие може да предизвикаат екстремно непријатно чувство на чешање, а притоа понекогаш како резултат на истите, да се појават и рани по самиот скалп.

Истовремено, поради фактот што овие инсекти се размножуваат многу брзо, потребно е навреме да реагирате и да ги отстраните.

За таа цел, денес ви откриваме рецепт за најмоќнот домашен убиец на вошки, кој веднаш ги отстранува истите од косата.

Домашно средство против вошки

Потребни состојки

  • Бел оцет 6% или 9%
  • Течност за уста
  • Крпи
  • Капа за туширање или најлонска ќеса
  • Соодветна густа четка за коса

Начин на употреба

Нанесете ја водата врз скалпот, користејќи памучен туфер. Потоа, покријте ја косата со капа за туширање или завиткајте ја во најлонска ќеса и оставете така да дејствува 1 час. Исплакнете со топла вода.

Следно, нанесете бел оцет врз мократа коса, повторно поставете ја капата за туширање и оставете да дејствува 1 час.

Потоа измијте ја косата со шампон и добро исчешлајте ја косата со густа четка.

Повторете го третманот доколку сметате дека е неопходно.

Зошто ова средство е ефикасно?

Течноста за уста има силен мирис кој ги убива вошките, а оцетот ефикасно ги отстранува нивните јајца од косата.