Ако се прашувате дали тој навистина ве сака, може да дознаете од неговиот Хороскопски знак.

Овен

Кога еден Овен сака, тој сака со сето свое срце. Вие може да сте силна и независна жена, но тоа не значи дека тој нема да сака да биде вашиот витез. Тој сака извршување, па не му ја олеснувајте работата – нека ви се додворува и демонстрира својата љубов. Кога конечно е подготвен да се обврзе, тој ќе биде ваш и само ваш и ќе го очекува истото од вас. Бидејќи е исклучително страстен, не треба да ве изненадува дека е љубоморен и може да каже непријатни работи во момент. Сака кавги, наоѓа конфликти и му се допаѓа сексот за помирување. Можеби не сте навикнати на таков однос кон љубовта, но тоа е начинот на љубов на Овен.

Бик

Бикот сака целосно и спокојно. Може дури и да не дознаете кога од пријател почнал да ве гледа како партнер, бидејќи тој избегнува да зборува за своите чувства. Бикот не е маж кој ќе вреска од покривот на куќата дека ве сака или ќе ви пее под прозор. Ќе му одземе многу време да ве запознае и да се увери дека вие сте Жената. Кога сака, тој ќе ве сака целосно за себе и ќе преферира мирни вечери со вас дома. Ќе ви покажува љубов преку допир, бидејќи неговата чувствителна страна е силно развиена. Може и да не е најгласен во објавувањето на љубовта, но овие мали настани на нежност се неговиот начин да ви покаже дека ве сака.

Близнаци

Мажот Близнаци никогаш не е статичен и се вљубува во жени кои, исто како него, имаат тенденција да се менуваат. Ако споделува мисли и чувства со вас, тоа е знак дека ве сака. Тој обожава комуникација и се чувствува најблизок со жена со која е на иста бранова должина. Ќе ве заведе со зборови и идеи и ќе ве фасцинира со сè. Веројатно имал неколку други љубови пред вас, па тоа ќе е предизвик за брзо да се поврзе, но штом тоа се случи, тој некако ќе е поврзан со вас засекогаш. Може да е тешко да се интерпретираат љубовните знаци на Близнаците, но ако се погледне повнимателно, ќе ги видите.

Рак

Ракот е многу покреативен, отколку што изгледа и кога сака изразува чувства креативни и од срце. Тој обожава да сака и сите негови врски се специјални за него. Ракот е полн со љубов и ќе ве натера да се чувствувате не само сакана, но и заштитена. Стабилноста и семејството се многу важни за него, затоа не се изненадувајте ако почне да ви зборува за сериозен ангажман уште во почетокот на врската. Една од најубавите работи на врската со Рак е неговата спонтаност кога ги изразува чувствата – без разлика дали ќе ви поднесе појадок во кревет, или ќе ви организира романтично патување со балон. Кога ќе видите дека тој прави се што е можно за да ве воодушеви, значи ве сака вистински.

Лав

Кога Лавот сака, тој го прави тоа јавно. Затоа не се изненадувајте ако ви предложи брак во преполн ресторан или ви објави љубов од огромниот екран на фудбалско игралиште. Лавовите се добри во многу нешта, но никој не може да ги надмине во најспектакуларните гестови. Тој ќе се гордее со вас и ќе сака да ве покажува на сите, огревајќи ве со сјајот на својата љубов. Лавот ќе ви носи купишта подароци – од се по помалку, но со идеја, до екстремно скап скапоцен камен. Мора да сфатите дека колку и да е великодушен Лавот, тој нема да се возбудува толку, ако не е заљубен до уши во вас.

Девица

Ако ве сака маж Девица, може да се чувствувате подложени на проверка. Тој ќе сака да знае сè за вас и тоа вклучува набавка на информации од извори надвор од вас. Немојте да се изненадите ако гледа на вас како на истражувачки проект. Тој не само што ќе зборува со вашите најблиски луѓе, но и ќе ве следи на социјалните медиуми. Ќе размислува и анализира сите ваши активности и ќе се лути ако пропушти нешто. Вистината е дека тој е многу паметен и многу симпатичен, но не знае што да прави со своите чувства и тоа го плаши. Тој не паѓа на кратките врски – ако ве сака, значи е сериозно.

Вага

Мажот Вага е многу романтичен и шармантен и со него ќе се чувствувате како во љубовен роман. Тој ќе ве облее со љубов, со цвеќиња и подароци и ќе се однесува со вас како со принцеза. Никогаш нема да каже нешто со што ќе ви наштети, бидејќи е тактичен и мил. Ќе се обидува секогаш да ги види работите од вашата гледна точка и ако имате отстапувања, ќе се обиде да го реши проблемот. Вагите мразат да си легнуваат скарани. Може и да звучи како во љубовен роман, но тоа е нивниот начин да ви покажат дека ве сакаат.

Шкорпија

Општо земено, Шкорпиите сакаат да се мистериозни, но кога се заљубени, не можат да се задржат да не го покажат тоа на целиот свет. Шкорпиите се исклучително страстни и кога се обврзуваат, го прават тоа 100%. Тој ќе ви се оддаде целосно и ќе ве сака длабоко и храбро. Нема да покажува Љубов, додека не е целосно сигурен во неа и во вас, но штом сфати дека може да има доверба, неговата мисија ќе биде да те прави среќна и сакана. Всушност може малку да те плаши со длабочината на чувствата, но никој нема да те љуби така страсно и сеопфатно како него. Ако раскажува на сите за љубовта кон вас, значи те сака вистински.

Стрелец

Врзувањето го плаши Стрелецот, затоа може да се обидува да ги задржи односите во неофицијални. Но, кога веќе е невозможно да негира дека ве сака, тој ќе ви го покаже тоа, ќе ве вклучи во своите многубројни авантури и ќе ги изрази чувствата недвосмислено. Тој ќе ве насмевнува и забавува. Стрелецот исто така сака и длабоки разговори. Сака да ја запознае вашата душа исто како срцето и интелектот. Стрелецот може да биде многу духовен и да сака да ги сподели со вас работите во кои верува. Запомнете дека тој нема проблем да прави било што сам, а тоа што ве вклучува и вас, веќе е сигурен знак дека ве сака.

Јарец

Јарец е прилично практичен отколку романтичен. Тој е од типот мажи кој ќе подари правосмукалка за Божиќ и потоа ќе се чуди што не е во ред. Способен е на силна страст, која ќе ја пројави во спалната соба, а не во романтични гестови. Јарците се резервирани луѓе и не сакаат да ги покажуваат чувствата. Може да изгледаат студени, но тоа не значи дека внатре не горат од пламенот на љубовта. Само Јарец ќе покаже љубов, ако ви го менува редовно маслото на колата или ви отвори сметка за пензиско осигурување. Точно дека тоа не е секси и романтично, но еден ден ќе му бидете благодарни за загриженоста. Тешко му се гледа дека е вљубен, но ако погледнете внимателно, ќе сфатите дека за него менувањето гума е исто како да ви напишал љубовно писмо.

Водолија

Водолијата не се чувствува удобно во однос на емоционалните изливи, па може да ве натера да мислите дека сте само пријатели. Но, тој е паметен и иновативен и ќе најде уникатен начин да ви покаже што чувствува. Ќе забележите дека те поканил да излезете со неговите пријатели, ве запознава со неговото семејство, прави планови за вас двајцата. Водолијата може да ве остави да се сомневате, но никогаш нема да ви е досадно. Ако не е вљубен, нема да ве вклучува во својот живот. Запомнете дека кај него активностите зборуваат повеќе од зборовите.

Риби

Кога мажот Риби е заљубен, тој сака со таква сила, што дури е малку вознемирувачко. Тој ќе ви посветува песни и ќе ви слика портрети. Што и да правите, не го критикувајте, бидејќи е чувствителен и лесно ранлив. Бидете сигурни дека го сакате токму него, бидејќи е сурово да си играте со Риби, особено кога тој прави сѐ за да ве воодушеви. Луѓето често имаат корист од него, но тоа не го запира. Тој толку многу верува во љубовта, што секогаш е подготвен да се обиде повторно, дури и ако неговите претходни врски биле катастрофални. Кога мажот Риби ве сака, тоа е кристално јасно, прашањето е дали вие сте подготвени за оваа љубов?

https://www.nane.mk/wp-content/uploads/2017/07/hands-437968__340.jpghttps://www.nane.mk/wp-content/uploads/2017/07/hands-437968__340-400x214.jpgDijana IlievaХороскопАко се прашувате дали тој навистина ве сака, може да дознаете од неговиот Хороскопски знак. Овен Кога еден Овен сака, тој сака со сето свое срце. Вие може да сте силна и независна жена, но тоа не значи дека тој нема да сака да биде вашиот витез. Тој сака извршување, па...Секој ден нешто свежо