За диетата, која денес ќе ви ја претставиме, според нутриционистите, им помага на луѓето кои се борат со прекумерена тежина, да ослабнат до 10 килограми во рамките на 1 недела.

Ефектот на диетата се заснова на нејзината прочистувачка моќ, а во продолжение откријте го 7-дневното мени.

Ден 1: Течен ден

Во овој ден може да консумирате секакви течности во неограничено количество. Се подразбира, станува збор за природни течности од било кој вид, кои не содржат вештачки додатоци. Најмногу се препорачува консумирањето на вода и билни чаеви.

Ден 2: Зеленчуков ден

Консумирајте секакви салати, особено салати кои содржат зелка, која ќе ви помогне побрзо и поефикасно да ги согорите наталожените масни наслаги.

Ден 3: Повторно течен ден

Ден 4: Овошен ден

Консумирајте овошје во умерено количество и не заборавајте да го додадете и грејпфрутот во вашето дневно мени.

Ден 5: Протеински ден

Во овој ден се консумираат јајца, варено пилешко месо, а слободно може да вклучите и кисело млеко во вашата исхрана.

Ден 6: Повторно течен ден

Ден 7: Преоден ден

Седмиот ден е преоден, бидејќи во тој ден се преминува повторно кон нормалната исхрана. Тоа треба да се одвива бавно, за да се навикне организамот и затоа се препорачува следното мени:

  • Појадок: Чај и 2 варени јајца
  • Ужина: Овошје
  • Ручек: Лесна супа со ориз или вообичаена зеленчукова со месо по ваша желба
  • Ужина: Овошје
  • Вечера: Салата приготвена со маслиново масло